Чавошоглу побара да се преземат мерки против терористичката организација ФЕТО

Турција секогаш ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и затоа го ратификувавме протоколот за членство во НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлуд Чавушоглу, по состанокот со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, не заборавајќи да побара од државните власти дека треба да се преземат мерки против терористичката организација ФЕТО.

„Не сакам да зборувам хипотетички, но нашите очекувања се јасни, ние работиме заедно во таа насока и очекуваме конкретни чекори. Нашите очекувања, нашата пријателска држава, многу добро знае и добро е што во иднина ќе ја продолжиме заеднички оваа работа и ќе имаме конкретни резултати“, рече Чавушоглу.

Димитров дополни дека земјава ќе направи сé што може во врска со организацијата ФЕТО, но додаде дека нема потреба од условување.

Чавушоглу зборуваше за купувањето на рускиот антиракетен систем. Тој рече дека откако Анкара не успеала да постигне договор со НАТО и САД за да го добие овој систем од земјите-членки на Алијансата, одлучила да го набави од Русија. Тоа не претставува закана за ниту една друга земја, додаде министерот.

Коментирајќи ги преговорите меѓу Косово и Србија, Чавушоглу изјави дека Турција има добри односи со двете држави и нема да наметнува некаков договор меѓу двете страни, туку ќе го почитува тоа што ќе го постигнат Приштина и Белград.