14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Чавушоглу до амбасадорот Муцунски: Зошто Македонија го промени името, кога не добивте датум за ЕУ?

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на вчерашниот голф-турнир помеѓу бизнисмените и дипломатите во Анкара му се обратил јавно на македонскиот ополномоштен и вонреден амбасадор Звонко Муцунски и го запрашал: „Зошто Македонија го променила името, кога не добила покана за преговори од ЕУ“, пренесуваат турските медиуми.

Амбасадорe на Македонија, се извинувам пред грчките пријатели, сепак велам Македонија. Зошто го сменивте името? За да бидете член на НАТО и да започнете преговори и да бидете прифатени во ЕУ. Како НАТО го исполнивме ветувањето и ве поканивме. За жал, ЕУ не успеа да остане на ветувањето. Вие не добивте датум за преговори, тоа не е во ваша корист. Амбасадорот Звонко Муцунски соработува и навистина помага, благодарам, рече Чавушоглу говорејќи на церемонијата на  доделувањето на наградите.

По неговиот говор ги претстави трофеите и медалите и беше направена комеморативна фотографија.

„Третиот дипломатски и бизнис голф турнир“ се одржа под спонзорство на „Туркиш ерлајнс“, чиј домаќин беше Министерството за надворешни работи на Турција. Амбасадорите и бизнисмените од различни земји учествуваа на турнирот што се одржа во Националниот клуб за голф.

Шефот на турската дипломатија е во фокусот на светското внимание откако пред неколку дена го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за спонзорирање на тероризмот. Тој порача дека Макрон сакал да биде лидер на Европа, но се „занишал“. Минатиот месец Макрон ја налути Турција со тоа што беше домаќин на официјален претставник на сириските демократски сили, предводени од Курдите. Турција ја гледа таа група како терористичка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.