-2 C
Skopje
недела, јануари 17, 2021

Чавушоглу: ЕУ да ги признае грешките кон Турција

44

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја повика денеска ЕУ „да ги признае своите грешки“ и да ја признае важноста на членството на Турција во Унијата.

Обраќајќи им се на пратениците во Националното собрание, Чавушоглу исто така рече дека Турција ќе вложи „неопходни напори“ за развој на односите со администрацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

„Турција ќе се обиде да ги насочи односите со Соединетите држави во позитивна насока, во согласност со стратешките интереси“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.