Чавушоглу: Не очекуваме санкции од ЕУ, но не се исклучени

15

Турција не очекува санкции од Европската унија поради спорот со Грција околу територијалните претензии во источен Медитеран, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека таквата можност не може да се исклучи.

Повтори дека Турција е отворена за разговори без услови, но додаде дека бродот за истражување на сеизмика „Оруш Реис“ ќе продолжи со операциите што ги прекина вчера, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека бродот бил повлечен до пристаништето во Анталија за поправки.

Чавушоглу додаде дека не очекува лидерите на ЕУ, кои веќе се согласија за поблаги санкции против Турција, да преземат понатамошни чекори во таа насока, но дека тоа не може да се исклучи.

„Тие би биле против нашиот брод, нашата компанија, поединци. Вакви одлуки беа носени во минатото. Дали се откажавме од нашата решителност? Не, таа само порасна“, рече турскиот министер за надворешни работи.

Грција и Кипар ја обвинуваат Турција за потрага по наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара вели дека има еднакви права на изворите во тие води. Грција и Турција тврдат дека имаат право да ги искористат енергетските ресурси во спорната област.

Турција испрати истражувачки бродови во спорната област, а членките на ЕУ испратија бродови за поддршка на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.