Чавушоглу: Никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола за нашите воени операции

На Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви против осомничени курдски милитанти во Сирија, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Ние разменивме идеи, но, ние никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола за нашите воени операции, појасни Чавушоглу.

Изјавата ја даде два дена по Самитот во Техеран, каде и Русија и Иран се спротивставија на предлогот на Турција за нова воена операција во северна Сирија.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.