Чавушоглу тврди курдите не се повлекуваат, ќе разговараат со Москва

Сириските курдски сили не се повлекоа целосно од пограничното подрачје, како што беше договорено со спогодбата со посредство на Русија, така што Турција наскоро ќе ги разгледа следните чекори со Москва, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој рече дека руска воена делегација ќе дојде во Турција и тогаш ќе биде разгледано започнувањето на работата на заеднички патроли.

Чавушоглу повтори дека курдските сили доколку не се повлечат 30 километри од границата, турските сили ќе ги „исчистат“.