Чавушоглу во посета на Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу денеска претстојува во официјална посета на Албанија.

На средбата со неговиот домаќин, овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, посебен акцент бил ставен на областите од заеднички интерес: унапредување на економските и трговските односи меѓу двете земји, важноста за подобрување на квалитетот на регионалната соработка и продлабочување на меѓусебната сорабтка во мултилатералните организации.

На заедничката прес-конференција Цакај изрази благодарност до турскиот колега за „непоколебливата поддршка и целосна солидарност“ што турската Влада ја обезбеди за Албанија уште од првите часови по катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември мнатата година.

-Стабилните односи меѓу нашите две држави се вкоренети не само во историските врски, туку и добро воспоставени во областа на интензивна билатерална и конструктивна соработка во меѓународните организации и одржливо партнерство во НАТО, рече Цакај.

Исто така, Цакај изрази благодарност за постојаната поддршка на Турција за Република Косово во процесот на зајакнување на неговата меѓународна позиција и членство во меѓународни организации.

-Ја цениме поддршката на Турција за Косово во нејзините напори да стане дел од меѓународните организации. Јас исто така би сакал да го наведам фактот дека Албанија претседава со ОБСЕ, соработката во Југоисточна Европа што е важно во регионалната соработка. Турција е еден од највредните сојузници во НАТО, многу години нашите војници служеа рамо до рамо во Авганистан за безбедност во таа земја. Турција е еден од главните придонесувачи во КФОР повеќе од 20 години. Ние го признаваме придонесот на Турција, која го сноси товарот на милиони сириски бегалци,што е значаен придонес за европската безбедност,нагласи Цакај.

Министерот Чавушоглу, меѓудругото, рече дека Турција продолжува да бара од Албанија да ги предаде членовите на движењето „Фето“, бидејќи „ се закана за безбедноста на Албанија“.

Чавушолу не наведе точен број, но зборуваше за стотици членови кои би можеле да ја користат Албанија како безбедносна порта.

-Немам точни бројки, но ги има со стотици. Баравме нивно враќање. Албанија презеде неколку чекори, очекуваме да продолжи. Ние не сакаме Албанија да биде безбедносна порта за фетоистите. Нивното присуство е закана и опасност за иднината на Албанија. Јас му објаснив на господинот Цакај, но ќе му го објаснам и на премиерот Рама ,рече Чавушоглу.

По средбата Цакај-Чавушоглу потпшани се три документи и тоа Меморандум за разбирање за размена на дипломати, можност за размена на искуства, потоа заедничка изјава за борба против организиранот криминал,нелегалната трговија,наслниот екстремизам и тероризам и третиот документ за взаемно признавање на возачките дозволи.