Чавушоглу: Членството во ЕУ е приоритет на турската надворешна политика

Присоединувањето на Турција во Европска унија е една од најважните надворешнополитички задачи на Анкара, изјави во вторникот во Вилнус турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Нема никакви сомнежи дека нашата земја и во иднина ќе остане членка на НАТО и ќе се стремиме кон членство во ЕУ. Сакаме Турција да го добие од ЕУ тоа што го заслужува. Турција очекува јасен сигнал од ЕУ за членство“, посочи Чавушоглу.

Кон крајот на јуни Анкара ја обвини ЕУ за неправеден однос поради изјавата на Советот на унијата дека преговорите со Турција „практично се на мртва точка, а Анкара се’ повеќе се оддалечува од ЕУ“.

Турскиот министер за надворешни работи во Вилнус се сретна со претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите и со шефот на литванската дипломатија Линас Антанас Линкевичус.

Грибаускаите истакна дека ЕУ не може да ѝ сврти грб на Турција и оти е неопходно да се бараат решенија за пружање помош на Анкара со цел да се стави крај на терористичките закани и да се намали мигрантскиот бран во Европа.

„Турција има потреба од Европа и Европа има потреба од Турција во сферата на трговијата, безбедноста, прашањата поврзани со миграцијата и во други области“, наведе Грибаускаите.

Турција ги започна преговорите за придружување кон ЕУ во 2005 година, дури 18 години по поднесувањето на барањето. Додека низа фактори ги забавуваа преговорите, особено кипарското прашање и отпорот на Германија и Франција на труското членство, во 2016 година пристапните преговори всушност пропаднаа.

Додека Линкевичус истакна дека „Турција секогаш била искрен партнер во дијалогот со Литванија“. „Не е нормално да не се зборува директно, дури и ако има проблематични прашања“, посочи Линкевичус.

Претходно, Чавушоглу изјави дека односите на Турција со Русија не се алтернатива за односите на Републиката со Европска унија или со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу за време на посетата на Литванија.

„Нашите односи со Русија не се алтернатива за односите со ЕУ или со САД. Надворешната политика на Турција е ориентирана на баланс“ (во односите), посочи Чавушоглу  и додаде дека Турција сака да ги реши проблемите со САД по пат на дијалог.

Ја коментираше и посетата на претставници на американскиот Конгрес на Турција, при што тие апелираа Анкара да се откаже од купување на противракетните системи С-400 од Русија, за да добијат авиони ловци F-35 од САД. Чавушоглу повтори дека „купувањето на С-400 не изборот на Турција, туку принудна мерка“.

„Нас ни с потребни системи за противвоздушна одбрана. Ние сакаме да ги купиме од нашите сојузници, вклучително и САД, но не можеме тоа да го направиме. Може ли Америка да даде гаранции за продажбата на системите Patriot? Дури и за Ф-35 постојано се менуваат условите. Купувањето системи за противвоздушна одбрана е крајно неопходно за нашата безбедност“, потенцираше Чавушоглу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.