Чавушоглу се сомнева дека Трмап ќе „замижи“ за убиството на Кашоги

Коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за убиството на саудискиот дисидентски новинар Џамал Кашоги на 2-ри октомври во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, покажуваат дека тој ќе замижи на тоа, и покрај тоа што ќе покаже истрагата, рече во петокот турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

САД ќе останат „постојан партнер“ на Саудиска Арабија, вети во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај тоа што рече дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ал-Сауд, можеби знаел за планирањето на убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Критикувајќи го ставот на Трамп во кој се кој комерцијалните договори со Ријад „се ставаат пред правдата“, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, рече дека „чиовечките животи би требло да имаат предност“.

„Оваа изјава на Трамп, исто така, значи: ’Без оглед на тоа што ќе се случи, тој ќе замижи’. Тоа не исправниот пристап. Не е се’ во парите“, изјави Чавушоглу за телевизијата CNNTÜRK.

Чавушоглу, исто така, вели дека САД не ја информирале Турција за аудиоснимката во врска со убиството на Кашоги, ден откако турски весник објави дека американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и’ сигнализирала на Турција дека поседува снимка во којашто престолонаследникот наредил да се „замолчи Кашоги“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека наредбата за убиството на Кашоги доаѓа од највисоките нивоа на саудиските власти, но веројатно не од кралот Салман, туку од неговиот наследник, што дефакто значи моменталниот валстодржец принцот Салман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.