Чеда Јовановиќ го напуштил карантинот и со рекет претепал сопственик на клиника

Контраверзниот српски политичар, Чеда Јовановиќ, кој неодамна беше позитивен на коронавирус, а по излегувањето од болница се уште е во самоизлолација попладнево претепал сопственик на Центар за физикална терапија.

Српските медиуми пишуваат дека е можно тој да добие две кривични пријави, една за нападот и друга за прекршување на самоизолацијата и непочитување на здравствените прописи, иако додаваат дека тој се уште го штити пратеничкиот имунитет.

По наредба на јавното обвинителство од Белград, полицијата го проверува инцидентот во кој денеска лидерот на ЛДП наводно се тениски рекет го нападнал Д.И сопственик на Центарот.