Чеда Јовановиќ се огласи од Инфективна: Уморен сум, сè уште ми треба кислород

Контроверзниот српски политичар Чедомир Јовановиќ се огласи преку твитер од Инфективната клиника во Белград каде неколку денови се лекува од коронавирус.

„Уморен сум, го прекинавме ширењето на пневмонија за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови колку што е можно, кои се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок“, напиша Јовановиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.