Чеферин доби нов четиригодишен мандат на чело на УЕФА

Александер Чеферин во четвртокот доби нов четиригодишен мандат на чело на Сојузот на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), откако на изборниот конгрес во Рим доби едногласна поддршка од сите 55 делегати на националните федерации,.

Реизборот на 51-годишниот Словенеце беше очекуван, имајќи предвид дека беше единствен кандидат.

Во продолжение на конгресот следи избор на Извршниот одбор на УЕФА, за што за осум места претендираат единаесет кандидати: Арманд Дука (Албанија), Фернандо Гомеш (Португалија), Борислав Михајлов (Бугарија), Јеспер Молер Кристенсен (Данска), Флоренс Хардуин (Франција), Елведин Бегиќ (Босна и Херцеговина), Кајрат Боранбајев (Казахстан), Шандор Цањаи , Андриј Павелко (Украина), Давор Шукер (Хрватска) и Луис Рубиалес (Шпанија).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.