Чеферин е убеден дека навивачите брзо ќе се вратат на трибините

Оптимистички најави од претседателот на УЕФА Александар Чеферин, во врска со фудбалот со гледачи, во изјава дадена за англискиот “Гардијан“:

“Лично, повеќе од сигурен сум, па и убеден сум, дека добриот, стар фудбал, со навивачи на трибините многу брзо ќе се врати“ посочи Словенецот.

“Не мислам дека вирусот засекогаш ќе биде со нас. Јас сметам дека работите ќе се подобрат и порано отколку што се мисли. Не ми се допаѓа тоа апокалиптично размислување дека ќе има втор, трет па дури и пети бран на Ковид-19“.

На прашањето дали би се кладел во милион долари дека ЕВРО 2012 навистина ќе се одигра следното лето, Чеферин одговори:
“Да, зошто да не. Не знам зошто се мисли дека ЕВРО 2021 нема да се одигра, јас би се кладел дека ќе се игра“ заврши Александар Чеферин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.