Чех избран за играч на мечот на својот прв хокеј настап!

Петр Чех пред неколку дена официјално потврди дека ќе се впушти во професионалните води на хокејот како голман на Феникс, клуб за кој потпиша во средата, а за кој веќе беше одлучувачки на натпреварот кој го одигра вчера.

Само четири дена по комплетирањето на возбудливата зделка, Чех брилјираше на својот деби настап во спортот кој го сака од своето детство, а најдобар доказ за тоа е фактот што беше избран за МВП на мечот. Крајниот израмнет натпревар меѓу Феникс и Свиндон завршил 2-2 во регуларниот дел, по што во пенал рулетот одлучувачки бил токму искусниот чешки чувар на мрежата.

Петр одбранил два пенали и со својот херојски настап беше избран за играч на мечот, па така новото поглавје во својата кариера го стартуваше на најдобар можен начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.