Чекор по чекор упатство за избор на вистинскиот Hisense инвертер клима уред

Поголемото е секогаш подобро, нели? Но, не е така кога станува збор за климатизацијата. Ако е премногу моќна, тогаш добивате нерамномерно ладење, со супер ладни точки во близина на клима уредот, и жешки точки во аглите. Ако не е доволно моќна, пак, уредот ќе се преоптоварува и никако нема да ја достигне саканата температура. Во двата случаи добивате повисоки оперативни трошоци и незадоволителни резултати.

Тајната на успехот е во тоа да го добиете вистинскиот клима уред со соодветниот капацитет за ладење. Еве го упатството чекор по чекор што ќе ви помогне да го пронајдете најдобриот Hisense инвертер клима уред за вашите потреби.

Чекор 1: Измерете ја големината на собата

Големината на собата има клучно значење кога купувате нов клима уред. Ја дефинира моќта потребна за совршено да се излади просторијата, без премногу да работи или да троши. Земете метро и измерете ја квадратурата (м2) на вашиот дом. За ваша среќа, не станува збор за тест по математика, па приближниот резултат ќе ја заврши работата.

Совет: просечната висина на таванот е 2,5 метри, а ако имате понизок или повисок таван, не заборавајте да го земете тоа предвид, затоа што, можеби, ќе ви треба клима уред со поголема или со помала моќност.

Чекор 2: Дефинирајте ги другите фактори

Дали во вашиот дом е неподносливо топло во текот на летните денови, бидејќи е тој директно изложен на сонце? Или удобно е сместен во сенка на големи дрвја? Дали живеете во област со топла и влажна клима? Дали имате соодветна изолација и квалитетни прозорци? Дали вашите тавани се екстра високи? Колку луѓе живеат во домот? Дали во домот има дополнителни извори на топлина?

Ова се само неколку дополнителни фактори кои може да (и ќе) влијаат на собната температура во тие клучни летни денови. Значи, тие треба да се земат предвид при купување нов систем за климатизација. Направете листа на сè што влијае на собната температура во вашиот дом.

Чекор 3: Пресметајте го капацитетот на клима уредот за вашиот дом

Капацитетот на климатизерот обично се мери во BTU или kW. Можеби веќе сте ги виделе овие информации на уредите, но колку единици вам ви се потребни?

За мала соба, околу 10 до 14 m2, 7.000 BTU (2 kW) ќе ја завршат работата. За соба со средна големина, околу 30 m2, ќе ви треба капацитет за ладење од околу 9.000 – 12.000 BTU (2,6 kW – 3,5 kW), додека за поголеми простори, од 40 до 50 m2, треба да инвестирате во клима уред со капацитет од 10.000 до 24.000 BTU (5,0 – 7,0 kW).

Ова е само почетна точка. Се сеќавате на сите други фактори што треба да ги земеме предвид, какви што се: климата, луѓето, директната изложеност на сонце итн.? Сите тие го зголемуваат потребниот капацитет изразен во BTU. Додадете 400 BTU за секој човек (над 2) и уште 2.000 BTU ако просторијата има многу прозорци и е изложена на сонце во текот на целиот ден. Ако клима-уредот е наменет за кујна, додадете 2.000 BTU, додека ако планирате да го инсталирате во подрум или во поладна просторија, одземете исто толку единици. Потпрете се на вашата процена во врска со сите фактори од вашата листа. Понекогаш тоа нема да биде едноставно, па затоа само обидете се да ја направите процената најдобро што можете.

Чекор 4: Изберете го вистинскиот модел на клима уред

Сега кога знаете колку изнесува главната моќност потребна за ладење, време е да откриете каков модел на Hisense клима уред најмногу ви одговара.

Ѕидниот инвертер клима уред се состои од два посебни уреда – еден е монтиран внатре и еден надвор. Овие уреди се поефикасни и може да се користат за ладење на поголеми површини, бидејќи располагаат со поголем капацитет за ладење, до 12.000 BTU (3,5 kW) и повеќе.

Новиот модел, Hisense Energy Pro Plus, обезбедува многу практични функции, вклучувајќи вештачка интелигенција (AI) и функцијата Smart Eye, со кои температурата, влажноста на воздухот, насоката и протокот на воздух автоматски се прилагодуваат според условите во просторијата за да ви биде удобно во секое време. Додека пак, со одличната енергетски ефикасност (А+++) ќе ја намалите потрошувачката на електрична енергија за дури 30%, па дури и 70% во споредба со заштедата на стандардните климатизери.

Моделот Hisense Energy SE со својата одлична енеретска ефикасност (А+++/А++), далечинска контрола преку Wi-Fi, паметни поставки за удобност, оптимален проток на воздух и антибактериска мрежа е совршен избор ако сакате да ја разубавите целата домашна средина. Благодарение на технологијата за претходно загревање со помош на грејач во надворешната единица, со овој клима уред се овозможува топлина при надворешна температура од -22℃.

Но да не ги изоставиме и моделите Hisense Wings pro и Hisense Easy Smart. Моделот Hisense Wings Pro ги штити вашето здравје и вашиот дом со Hi-Nano јонската технологија. Поради големиот капацитет на производство на јони, во затворен простор таа може ефикасно да елиминира повеќе од 99% од H1N1 вирусите во рок од два часа, односно може ефикасно да го спречи коронавирусот (SARS-CoV-2) за 93,54% во затворен простор во рок од два часа. Понатаму, кога сакате да ја достигнете идеалната температура дури и пред да се вратите дома или во канцеларија, можете да го контролирате овој клима уред со вашиот мобилен телефон поврзан на Wi-Fi мрежа и ConnectLife апликацијата.

Моделот Hisense Easy Smart, со кој се овозможува топлина при надворешна температура од -20°C, ќе ви овозможи и интелигентна контрола на температурата со помош на I Feel функцијата. Далечинскиот управувач ја мери температурата во просторијата и ги пренесува информациите до внатрешната единица. До внатрешната единица не се пренесува само температурата на просторијата, туку и температурата околу корисникот преку сензорот на безжичниот далечински управувач. Внатрешната единица потоа автоматски ги прилагодува режимот на работа и температурата на работа.

Сега сте потполно подготвени. Знаете кој модел на клима уред ви е потребен и колкав капацитет за ладење треба да поседува. Следниот чекор е подетално да почнете да ги истражувате вашите опции. Истражете го целиот асортиман на Hisense инвертер климатизери и пронајдете го совршениот клима уред за вас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.