Чекориме на прав пат – Највисока корупција и најниска плата во регионот!

Корупцијата како второ име на Македонија, и изминатата година ја искачи земјава на високото 106-то место. За споредба дека работите не се подобруваат, туку се уназадуваат е фактот што во 2018, според Индексот за перцепција на корупцијата, Македонија беше на 93-то место, од 180 опфатени земји. Во регионот, Македонија заедно Албанија се земји каде што владее најмногу корупција. Во однос на нивото на корупцијата во регионот најдобро рангирана на ИПК е Словенија на 35 – то место, а најлошо нашата држава на 106-то место, додека Хрватска е на 63 место, Црна Гора на 66, Бугарија на 74 место, Србија на 91, Косово и Босна и Херцеговина се на 101 место.

Во извештајот за Индексот на перцепција на корупцијата 2019 година (ИПК) објавен од Транспаренски интернешнл, акцентот е ставен бил ставен на корупцијата во политиката, не само преку финансирањето на изборните кампањи, туку и воопшто преку спроведување на нечии интереси што се остваруваат преку влијание со финансирање на политиката.

„Минатата година коментиравме дека резултатот бележи подобрување под влијание на перцепцијата за работењето на СЈО или под влијание вербата и довербата што граѓаните ја имаа во работењето на таа институција. Денес резултатите покажуваат дека довербата во институциите во јавниот сектор, во политиката значително се намалува повторно“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнл Македонија.

Мерките кои се преземаат, односно кои се презентираат дека се преземаат за борба против корупцијата, оцени таа, не се реални,  не се вистински, не се објективни и не даваат ниаков резултат.

„Фрустрацијата со Владите и корупцијата во политиката, како и недостатокот на доверба во институциите, зборува за потребата од поголем политички интегритет. Оваа порака уште повеќе добива во сила кога се наоѓаме пред избори и посебно треба да ја упатиме и граѓаните да разберат дека од политичарите и од политиката треба да побараме повисок интегритет, повисока одговорност и отчетност доколку сакаме проблемот со корупцијата во нашата држава да се намалува, е основната порака од Транспаренси интернешенл“, рече Тасева.

Главната препорака од Транспаренси интернешенел е дека треба да се менаџираат и контролира судирот на интереси, да се контролира финансирањето на политиката, да се зајакне интегритетот во политиката и на изборите и да се сузбива повластениот третман во сите сфери.

„Фрустрацијата со владите и корупцијата во политиката, како и недостатокот на доверба во институциите, зборува за потребата од поголем политички интегритет. Оваа порака уште повеќе добива во сила кога се наоѓаме пред избори и посебно треба да ја упатиме и граѓаните да разберат дека од политичарите и од политиката треба да побараме повисок интегритет, повисока одговорност и отчетност доколку сакаме проблемот со корупцијата во нашата држава да се намалува, е основната порака од Транспаренси интернешенл“, рече Тасева.

Освен високото ниво на корупција, и тоа што во Македонија фукционира таканаречен „хибриден режим“ (мешан вид на политички режим, меѓу авторитарен режим и нецелосна демократија), нашата земја убедливо го носи лидеркото место во однос на месечните примања на граѓаните кои се најниски во регионот.

Просечната месечна нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра и тоа е единствена плата во земјите во регионот која го надминува „магичниот износ“ од 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно повисока од просечната заработка во речиси сите земји од регионот на Балканот, освен Хрватска, уште една членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува 873,9 евра.

По неа следи Црна Гора, со просечна плата  511 евра. Во БиХ просечната плата е 469 евра, а во Србија 454,7 евра. Просечната плата во Албанија изнесува 423 евра, а во Македонија е 409,8 евра.