Чеку: „План Б“ за војската на Косово

Агим Чеку, вршителот на должност министер на Силите за безбодност на Косово (СБК), тврди дека тие нема да останат маргинализирани дури и доколку не дојде до уставни измени. Чеку додава дека за развој на војската постои и „План Б“.

Чеку е уверен дека во текот на петтата седница на Советот ќе бидат усвоени уставните измени кои ќе овозможат преминување на Силите на безбедност во Војска на Косово, пренесуваат приштинските медиуми.

Ако српската заедница ги доведе во прашање уставните измени, СБК нема да остане маргинализаран, а постоечкиот „План Б“ со кој СБК ќе зајакне во модерна војска ќе се воведе само со усвојување на потребните закони.

„Ако согледаме дека не можат да се совладаат препреките, нема да го менуваме Уставот поради недоволниот број на гласови, туку само ќе ги промениме законите за тие да не бидат во спротивност на Уставот“, вели Чеку,

Чеку додава дека СБК ги исполнила сите обврски за трансформирање во Вооружени сили на Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.