Челниците на двете Кореи на митската планина го искажаа единството

Севернокорејскиот и јужнокорејскиот челник, Ким Џонг-ун и Мун Јае-ин ја посетија во четвртокот диховната колепка на корејската нација планината Паекту, во настојувањата да го демонстрираат единството по новиот меѓукорејски самит кој даде поттик за продолжување на преговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

Планината висока 2.744 метри за света ја сметаат сите корејци, бидејќи е позната како место на коешто се роди Дангун, легендарниот втемелувач на корејското царство. Во официјалните севернокорејски биографии планината се наведува и како место на раѓањето на тааткото на Ким Џонг-ун, Ким Џонг-ил. Дедото на сегашниот севернокорејски челник, Ким Ил-Сунг, втемелувачот на Северна Кореја, на планината Паекта водел отпор против јапонскиот колонизаотр кој владеел со Корејскиот полуосторв од 1910 до 1945 година. Меѓутоа, странските историчари тврдат дека Ким Џонг-ил е роден во тогашниот Советски сојуз.

Планината Паекту е активен вулкан. Тоа е и највисокиот врв на Корејскиот полуостров, често сметан за духивно извориште на нацијата којашто по војната од 1950 до 1953 година е поделена во две држави. Планината се споменува во првиот стих на јужнокорејската национална химна додека „Да одиме на планината Паекту“ е популарна севернокорејска песна која повикува на верност на водачот Ким Џонг-ун.

По нивниот излет, Мун со директен лет ќе се врати во Сеул, соопшти неговиот портпарол. Во Пјонгјанг во средата беше одржан самитот на двете Кореи, на кој Ким се согласи наскоро да ја посети севернокорејската престолнина и вети дека ќе го затвори полигонот за тестирање проектили и тоа во присуство на меѓународни експерти. Тоа би било првата посета на севернокорејски лидер на Сеул од завршетокот на Корејската војна од 1950 до 1953 година која технички не е завршена, бидејќи е потпишано е само примирје и прекин на огнот, а не и дефинитивен мировен договор. Разговорите во Пјонгјанг се продолжување на постапното приближување на двете земји, а двајцата челници договориле редовни посети на раздвоените семејства, поврзување на железничките и патните правци, па дури и заедничка кандидатурата за Олимписките игри во 2032 година.

Мун за новинарите изјавил дека Ким би можел да го посети Сеул до крајот на одинава, и дека тоа „сигурно ќе претставува пресвртница во односите меѓу Север и Југ“. Двајцата челници постигна договор кој Корејскиот полуостров би требало да го претвори во „земја на мирот нез нуклеарно оружје и нуклеарни закани“. Притоа Северот се согласил да преземе дополнителни чекори кон денуклеаризација на полуосторвот, што се толкува како настојување да се придвижат прговорите со САД. Северна Кореја се согласи „трајно да го затвори“ полигонот за тестирање проектили и лансирни рампи во Тонгчанг-ри „во присуство на експерти од релевантни земји“,

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави изјавата на двајцата челници, обајвувајќи дека Ким „се согласил на нуклеарни инспекции, кои ќе бидат предмет на завршните преговори“. САД во средата го пофалија „големото залагање“ на Северна Кореја на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и рекоа дека се подготвени „веднаш“ да ги продолжат преговорите поради „брзата денукеларизација“ којашто треба да биде завршена „до јануари 2021 година“.