Челниците на Г20 понудија малку пред климатскиот самит во Глазгов

G20 Summit at the La Nuvola conference centre in Rome, Sunday, Oct. 31, 2021. (Aaron Chown/Pool Photo via AP)

Челниците на дваесетте најголеми економии во светот Г20 во неделата се согласија со доста мака околу завршната изјава којашто повикува на „значително и ефикасно“ дејствување за да се ограничи глобалното загревање но дава малку конкретни обврски.

Резулатот на повеќедневните напорни преговори меѓу дипломатите ги остави разочарани климатските активисти и остави уште многу работа за климатскиот самит под покровителството на Обединетите нации под насловот COP26 кој во неделата вечерта започна во шкотски Глагов, каде што повеќето челници од Г20 директно заминаа од самитот во Рим.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереп, кој во петокот предупреди дека светот „забрзува кон климатската катастрофа“, изјави во неделата дека самитот во Рим ниту ги исполнил неговите надежи, ниту ги закопал.

„И додека ја поздравам повторната доследност на Г20 самитот кон глобалните решенија, го напуштам Рим со неисполнети надежи, но барем не се закопани. Напред кон COP26 во Глазгов за да ја одржиме жива целта од 1,5 степени и да ги исполниме ветувањата за финансирање и проглагодување за луѓето и планетата“, објави Гутереш на Twitter.

Прагот на растот на глобалната температура од 1,5 Целзиусови степени мора да се испочитува за да се избегне забрзувањето на екстремните климатски појави, како што се суши, бури и поплави, тврдат ексепртите ангажирани од ОН, а за да се достигне таа цел препорачуваат постигнување нулти емиси на јаглород до 2050 година.

„Ова беше моментот за Г20 да дејствуваат со одговорноста којашто ја имаат како најголеми емитувачи, но гледаме само половични мерки наместо конкретно итно дејствување“, изјави Фредерике Родер, потпретседателка на групата за одржлив развој Global Citizen.

На групата Г20, во која се и САД, Русија, Кина, Индија, Бразил и Германија, ѝ се припишува одговорност за околу 80 отсто на глобалните емисии на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. Членки на овој формат се и држави како Саудиска Арабија, замјата со најголемите резерви на нафта на светот, и Австралија на којашто јагленот ѝ е вториот најважен извозен производ и натаму вложува во овој енергенс, иако стручњаците повикуваат на неговото напуштање. Оттаму, критичарите и еколошките активисти се скептични околу искреноста на намерите на државите во борбата против климатски промени.

Завршниот документ од Рим наведува дека моменталниот национални планови за тоа како да се сузбијат емисиите на стакленичките гасови ќе бидат зајакнати „доколку биде потребно“, но особено не ја наведува 2050 година како датум за постигнување на нултата емисија на јаглероди.

„Разбираме дека влијанијата на климатските промени на 1,5 степени е многу пониско отколку на 2 степени. Задржувањето на растот на оваа температура ќе бара значително и ефикасно дејствување и обврзување на сите држави“, се наведува во заедничката изјава од самитот на Г20.

Лидерите од Г20 единствено ја препознале „клучната важност“ од замирањето на нато емисиите „до или околу средината на векот“, што е фраза којашто всушност ја отстранува 2050-та како датум кој можеше да се види во претходните завршни верзии на заедничката изјава, за целениот датум да биде помалку конкретен.

Поместувањето на датумот можеше да се забележи и во обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин кој потсетувајќи дека неговата земја неодамна донесе одлука за спроведување нова програма за подобрување на енергетската ефикасност на економијата до 2035 година, што според него ќе стане важен елемент за „постигнување на целта за осигурувањето на ткн јаглеродната неутралност не подоцна од 2060 година“. И Кина, најголемиот светски емитер на јаглерод диоксид, ја постави, исто така целта до 2060 година, а и Индија како еден од големите загадувачи не се обврза на целениот датум 2050 година.

Експертите на ОН велат дека дури и да се применат моменталните национални планови, светот се движи кон глобалното загревање од 2,7 Целзиусови степни, што според нив би било со катастрофални последици.

Завршната изјава на земјите од Г20 вклучува ветување за запирањето на финансирањата на странското производство на електрична енергија од јагленот до крајот на годинава, но не е поставен датумот за прекинувањето на таквата практика, додека ветено е само дека тоа ќе се случи „што е поскоро можно“. Тоа ја замени целта поставена со последниот нацрт на завршната изјава за постигнување на таа цел до крајот на 2030-те, покажувајќи колку е силно влијанието на некои земји кои зависат од јагленот.

Г20, исто така, не постави датум за прекинување на финансирањето на фосилните горива, наведувајќи само дека тоа ќе го сторат во „блиска иднина“. По прашањето на метанот, кој има посилно но пократкотрајно влијаение врз глобалното загревање отоколу јаглерод диоксидот, разводнети се изјавите од претходната нацрт верзија којашто ветуваше „да се настојува значително да се намалат колективните емиси на метанот“. Завршната изјава само го препознава намалувањето на емисиите на метанот „еден од најбрзите, најизведливите и финансиски најефикасните начини да се ограничат климатските промени“.

Разни извори од Г20 за медиумите наведуваат дека преговорите биле тешки по прашањето на ткн „климатско финансирање“, коишто се однесуваат на ветувањата од богатите земји од 2009 година дека секоја година до 2020-та ќе даваат 100 милијарди долари годишно на земјите во развој за да се справувваат со климатските промени. Тие не го остварија тоа ветување, предизвикувајќи недоверба и рамнодушност меѓу некои земји во развој да го забрзаат намалувањето на своите емисии.

„Се присетуваме и повторно ја потврдуваме обврската на развиените земји, за целта на зедничкото собирање 100 милијарди долари годишно до 2020 година и горишно до 2025 година за да се одговори на потребите на земјите во развој“, се наведува во изјавата на земјите од Г20. Челниците притоа ја „нагласија важноста од исполнување на оваа цел во целост што е поскоро можно“.