Челниците на германските автомобилски гиганти повикани во Белата куќа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го поканила челниците на германските производители на автомобили „Volkswage“, BMW и „Daimler“ на состанок во Белата куќа во вторникот, на разговори за трговската политика, извести во четвртокот весникот Handelsblatt.

Весникот наведува дека на средбата ќе учествуваат извршниот директор на VW и на „Daimler“, Херберт Диес и Дитер Зетше, заедно со шефот на производството во BMW, Оливер Зипсе. Ричард Гренел, американскиот амбасадор во Германија, рекол дека на состанокот ќе присуствува американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер, како и министерот за трговија Вилбур Рос, се додава во написот.

Американската амбасада во Берлина немала коментар, а споменатите произведувачи на автомобили одбиле да ја коментираат инфорамцијата.

Веста е објавена ден откако новиот шеф на VW во Америка изјави за новинарите дека компанијата одлучува за тоа каде ќе биде нејзината нова фабрика во Северна Америка, во којашто ќе се произведуваат електрични автомобили за американскиот пазар.

Американскиот претседател Доналд Трамп со месеци се заканува со воведување царини на сите возила коишто се склопуваат во Европската унија, што може да направи пресврт во деловниот модел за продажба на автомобилите во САД. Меѓутоа, се воздржа од такви мерки, додека Вашингтон и Брисел преговараат да ја намалат другите трговски бариери.

Американските функционери се сѐ понезадоволни со недостигот од напредок во прашањата на трговијата по средбата на Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во јули годинава.

Извршните директори планираат јасно да дадат на знаење дека тие не можат да преговараат во името на ЕУ, изјавија минатата седмица лица запознаени со случајот. САД во моментот наметнуваат царини на автомобилите кои се склопуваат во ЕУ од 2,5 отсто, наспроти со 10-процентните царини за автомобилите произведени во САД кои влегуваат на пазарот на Европската унија.