Челниците на молдавската Демократска партија итно ја напуштаат земјата со приватни авиони

Политичари и соработници на Демократската партија на Молдавија која ја предводеше владата која во петокот претходно објави дека минува во опозиција и дека ја предава власта на новата проруска и проевропска коалиција со што ја завршува повеќемесечната политичка криза во земјата, во петокот ноќта набрзина заминуваат од земјата со приватни авиони, пренесува телевизијата TV-8.

„Во рок од неколку часа од Кишинев полетале одеднаш неколку приватни авиони“, се наведува во извештајот на телевзијата.

„Според податоците на сервисот flightradar24, авионите полетале кон Истанбул, Одеса, Москва, Лондон. Со еден од нив полетало семејството на бизнисменот Илан Шор, кој е вмешан во големиот скандал со повлекување на милијарда евра од сметките во банките во Молдавија. Се претпоставува дека со еден од овие авиони заминал и олигархот Владимир Плахотњук, челник на Демократската партија и други негови сопартијци“, се додава во новинскиот извештај.

Во Демократската партија не ги коментирале овие наводи.

Претходно молдавскиот претседател Игор Додон, кој важи за проруски ориентиран политичар, не исклучи дека блиските соработници до владата на премиерот Павел Филип која си поднесе оставка, ќе се обидат да побегнат од земјата за да ја избегнат одговорноста за узурпирањето на моќта и за грабежи.

„Не исклучувам дека некој од раководството на Демократската партија сега ќе се обиде да ја напушти земјата, бидејќи на аеродромот веќе има неколку приватни авиони. Но тоа нема да ги спаси, без разлика каде и да се кријат, во современиот свет секој може да биде пронајден“, изјави во петокот ноќта претседателот Додон за телевизијата RTR Moldova.

Ги повика министрите веднаш да ја преземат контролата во владата и безбедносните ресори.

„Тие добија во време, ја попречија новата влада да започне да работи со цел да ги прикријат нивите траги и да ги повлечат парите од земјата на своите офшор сметки“, додаде Додон.

Од своја страна, премиерката Маја Санду, којашто, пак, му беше противкандидтка на Додон на претседателските избори и важи за изразено проевропски профилиран политичар, предупреди дека Плахотњук ќе се соочи со законот поради „узурпација на власта“ и бројни криминали. Таа побара итна оставка од главниот државен обвинител Едуард Харунжен.

Претходно во петокот на државната телевизија потпретседателот на Демократската партија, Владимир Чеботари рече дека партијата „Се префрла во опозиција“, обвинувајќи ја новата коалиција на проруиските и проевропските сили дека го одбива дијалогот.

Молдавија е во политичка криза од февруари кога на општите избори не беше избрано јасно мнозинство во парламентот. Ситуацијата стана особено конфузна минатиот викенд кога беше формирана коалицијата на проруските и проевропските партии, чијашто влада ја потврди парламентот.

Оваа коалиција ја поддржуваат и Русија и Европската унија, за заднички да му се спротистават на олигархот Плахотњук. Откако речиси цела седмица замјата имаше две влади, Плахотњук ја донел одлуката да се повлече во опозиција по посетата на партиските функционери на амбсадата на САД во Кишинев од каде имале дотогаш поддршка.

Политичката криза во Молдавија почна да се разрешува откако Демократската партија во петокот вечерта објави дека оди во опозиција и оти поранешната влада на Павел Филип поднела оставка. Извори од партијата потврдиле дека оваа одлука била донесена откако американскиот амбасадор во Кипшињев, Дерек Хоган, го посетил партиското седиште. Според изворите, олигархот Плахотњук до крајот се надевал на поддршката од Вашингтон во конфронтацијата со претседателот на земјата, парламентот и влдата на Санду, но не ја добил. Молдавските медиуми известуваат дека во многу апсекти овие преговори биле поврзани со давањето гаранции во замена за повлекувањето на Плахотњук.

Молдавија, една од најсиромашните замји во Европа, поранешна советска република која е сместена меѓу Романија и Украина, и е поделена меѓу пророманските, прозамадните и проруските политички опции.

Приднестровје, или Трансднестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинци, во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица.

Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.

Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдова и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдова и од Украина.

Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Приднестровје како и барањето за присоединување кон Русија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.