Челниците на Сити ветија 38 мил. фуни, а понудија 31 мил. фунти

Раководните лица на актуелниот шампион на Португалија, тимот на Порто, открија дека вината за пропаднатиот трансфер на францускиот интернационалец Елиакуим Мангала во редовите на Манчестер Сити мора да се побара кај сопствениците на најбогатиот клуб на Островот.

Челниците на Порто открија дека постигнале вербален договор со раководните лица на Манчестер Сити откако англискиот клуб потврдил дека ќе го исплати побараното обештетување од 38 мил. фунти.
Сепак, неколку часа подоцна, раководните лица на Манчестер Сити испратиле официјална понуда за 22-годишниот дефанзивец вредна 31 мил. фунти.

Таквата понуда експресно била одбиена од челниците на Порто со образложение дека услугите на Мангала можат да му бидат на располагање на менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини само доколку новата понуда на англискиот клуб не е помала од 38 мил. фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.