10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Челниците на владината коалиција се причината за кризите во Македонија

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес конференција во врска во вчерашниот протест каде над 70 илјади граѓани го искажаа револтот против актуелната власт, на новинарско прашање ја коментираше и денешната најавена средба помеѓу владините коалициони партнери.

-Наместо денеска во владата да се собираат во израз на паника и нервоза од 70 илјади собран народ, нека се соберат тие истите челници па нека распишат избори, ајде да одиме на избори. Челниците на коалицијата кои што денеска се собираат во владата се практично причината за сите кризни состојби во кои се наоѓа државата и за сите проблеми на државата, сите кризи, криминал и корупција и причина за осиромашениот народ. Тие 5 години не само што не, не поместија ниту еден милиметар напред туку истовремено ја уништија државата. Очекуваме Димитар Ковачевски и другите претседатели на политички партии, кога веќе се собираат да покажат малку храброст и да излезат на избори. Тие немаат ниту капацитет, ниту легитимитет да ја водат државата, така да изборите се решение и тие на собирот треба да се договорат што побрзо да се распишат предвремени парламентарни избори, рече Лефков.