Челниците од ЕУ раговараат за формирање азилантски центар во Европа но надвор од Унијата

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен откри дека со другите челници од земјите членки на Европската унија разговара за воспоставување камп за азилантите на коишто им се одбиени барањата за азил, како и дека еден таков центар би се наоѓал во Европа но надвор од границите на ЕУ, пренесува во средата Reuters,.

Германија, Холандија и Австрија се меѓу земјите членки чиишто влади расправаат за споменатото прашање и се надеваат дека овој пилот-прокет би можел да отвори пат за нови систем за добивање азил во ЕУ, со поголема контрола од досегашниот, појаснил Расмисен за новинарите.

„Оптимист сум. Врз основа на разговорите коишто ги водам со другите европски челници, очекувам дека првиот чекор ќе го преземеме оваа година. Искрено зборувајќи, тој камп би бил сместен во земја којашто не е на листата посакувани дестинации меѓу имигрантите или криумчарите на луѓе“, истакнал премиерот на Данска.

Во првите четири месеци од оваа 2018 годиан во Данска влегле околу илјада имигранти, додека во 2015 година примила 21.000 луѓе. Тоа е во однос на нејзините соседи Шведска и Германија помал број во однос на бројот на жителите.