Челничката на Хонгконг исклучи секаква отстапка и предупреди на тешка економска криза

163

Челничката на кинеската автономна област Хонгконг, Кари Лам, исклучи во петокот секоја можност од каква и да е отстапка за демонстрантите и предупреди на тешка економска криза којашто ја предузвикува протесното движење.

„Во врска со политичкото решение, мислам дека не треба да правиме отстапкиза да ги замолчиме насилните демонстранти“, рече Кари Лам на вонредната прес-конференција, два месеца од почетокот на протестите.

Оваа јужна област на Кина и меѓународен финансиски центар ја доживува најтешката политичка криза од 1997 година кога од британскиот колонијализам се врати во матицата земја, со протести и речиси секојдневни акци кои често прераснуваат во насилство меѓу радикалните активисти и силите на редот. Неколку протесни поворики на противници и поддржувачи на хонконшката управа се закажани за сабота и недела.

По состаникот со деловната заедница, Кери Лам Чен Јутно (или Лин-Женг Јуе) предупреди дека економското влијание би можело да биде потешко од епидемијата САРС (тешкиот акутен респираторен синдром) во 2003 година.

„Овојпат брзо настапи предупредувањето. Некои го споредија со цунами“, рече Лам. „Економското закрепнување долго ќе трае“, додаде изразувајќи загриженост поради приватниот особено туристичкиот сектор.

Хонгконшката компанија „Cathay Pacific“ соопшти за пад на резервациите, а туристичките агенции известија за пад до 50 отсто од групните посети. Неколку земји ги предупредија своите државјани кои патуваат во Хонгконг, особено САД кои бараа од своите граѓани да бидат претпазливи.

Кари Лам, чијашто оставка демонстрантите ја бараат, во текот на кризата доби целосна поддршка од централната влада во Пекинг, кој ги заостри заканите за демонстрантите, особено за насилните.

Кинесската управа за цивилно воздухопловстов побара во петокот од „Cathay Pacifique“ да не им дозволи на членовите на персоналот кои ги поддржале протестие да работат на летовите преку кинескиот воздушен простор или на летовите во континентална Кина.

Во петокот неколку илјади луѓе мирно протестираа на хонгконшкиот аеродром, еден од најфеквентните на светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.