Челникот на Boeing потврди дека грешка во системот MCAS имала улога во падот на двата авиона

Генералниот директор на „Боинг“, Денис Меленберг/ © EPA/BRYAN R. SMITH / POOL

Грешката во системот за подобрување на меневрирачките карактеристики MCAS (Maneuvering Characteristics Augmentation System) имал удел во функционирањето на двата авиона од типот „Boeing 737 MAX“ кои се урнаа во период од пет месеци, се истакнува во писмената изјава на генералниот директор на корпорацијата „Boeing“, Денис Меленберг, објавена во четвртокот на сајтот на американскиот производител на авиони.

Изјавата е дадена како коментар за резултатите од прелиминарниот извештај за причините на падот на авионот од моделот „Boeing 737 MAX“ на воздухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ на 10-ти март крај Адис Абеба со 157 патници и членови на екипажот. Претходно на авион од истиот модел на индонезискиот превозник „Lion Air на 29-ти октомври минатата година се урна во Индонезија, кога загинаа 189 лица. И тогаш авионот нагло ја загубил висината непосредно при полетувањето.

„Сите подробности за она што се случило ќе бидат предадени на државните органи во извештаите од истрагите. Сепак, по објавувањето на прелиминарниот извештај од истргата за несреќата на летот 302 на авиокомпанијата Ethiopian Airlines, очигледно е дека на двата авиони се активирал системот за подобрување на карактеристиките за маневрирање, познат како MCAS, кој се вклучил како резултат на погрешни информации за аголот на налет“, смета челникот на „Boeing“.

Според Меленберг, експертите во корпорацијата „се во комуникација со Федералната администрација за воздухопловствио (FAA) на САД и со авиокомпаниите клиенти со цел да го комплетираата развојот и да ги ажурираат напренидиот софтвер кој ќе го исклучи повторувањето на трагедии, како катастрофите на летот 620 на Lion Air и летот 302 на Ethiopian Airlines“. Завршувањето и сертифицирањето на овој софтвер, според него, се очекува „во текот на наредните седмици“.