Челникот на НАТО повика на истрага за данско-американскиот шпионски скандал

REUTERS/Francois Lenoir

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика во средата вечерта на истрага на данско-америкаснкиот шпионски скандал, по извештаите дека разузнавањето на Данска ѝ помагало на американската Агенција за национална безбедност (NSA) да ги прослушува водечките европски политичари.

„Земјите вклучени во случајот се сојузници во НАТО и мора на масата да ги стават сите факти и да откријат што всушност се случило“, рече Јенс Столтенберг за јавната Данска радиотелевизија (DR).

Според него, овој случај фрлил грдо светло врз Данска, но дека довербата во НАТО останала негибната.

Истражувачките новинари на Данската телевизија DR, заедно со некои шведски медиуми и германските јавни сервиси NDR и WDR и дневниот весник Sueddeutsche Zeitung, во неделата обајвија дека NSA од центар близу Копенхаген ги прислушувала телефоните на водечките западноевропски политичари со помош на софтвер кој го создала данското воено разузнавање Forsvarets Efterretningstjeneste (FE).

Според сознанијата, во 2014 година шефот на данското воено разузнавање започнал тајна внатрешна истрага по предмет за користењето на NSA на данско-американскиот разузнавачки систем Xkeyscore на база на данската разузнавачка служба на островот Амагер во теснецот Ересунд, создаден за следење објекти во соседните земји на Данска.

Истрагата го добила кодното име „Dunhammer“ и завршила во 2015 година, а резултатите биле предадени на челниците на разузнавачката служба. Пет години подоцна, благодарение на еден информатор, за овој инцидент било запознаено министерството за одбрана, по што министерот Трине Брамсен отстранил голем број разузнавачки челници од нивните функции.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, комплетно појаснување од владата во Копенхаген.

Данската премиерка Мете Фредерискен изјави дека немало системски надзор врз сојузниците, како и дека не верива дека се нарушени односите на Данска со Германија и со Франција.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека САД издале целосен преглед на нивниот пристап до надзорот во странство од тогаш, како и дека поранешниот претседател Барак Обама во чиј мандат се одвивало шпионирањето на сојузниците во тоа време издал претседателски указ кој на „значаен начин го променил пристапот на САД“. Но факт е дека тоа го стори дури откако Едвард Сноуден во водечките весници го обелодени скандалот со NSA.

„Ќе продолжиме да соработуваме со нашите европски сојузници и партнерите на решавањето на сите прашања преку соодветните канали на националната безбедност“, рече Псаки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.