Челникот на ОН предупредува за „застрашувачки“ раст на семејното насилство во светот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, во видео-порака од неделата предупреди на „застрашувачкиот глобален раст“ на семејното насилство во кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и ги повика националните влади да вложат поголем напори да го спречат ова насилството, особено врз жените.

„Знаеме дека изолациите и карантинот се неопходни за сузбивање на Covid-19. Но тие може да претставуваат замка за жените со насилни партенери. Многу жени и девочиња најмногу се загрозени таму каде што би требало да бидат најсигурни. Во сопствените домови“, објави Гутереш на Twitter.

Во некои земји удвоен е бројот на жените кои се јавуваат во службите за поддршка, здравствените работници и полицајците се преоптоварени и ги нема доволно, а локалните групи за помош се „парализирани“ од недостигот на средства, тврди челникот на ОН.

Гутереш ги повикува владите ширум светот да осигураат продолжување на кривичниот прогон на насилниците, воспоставување кризни системи во аптеките и продавниците и да ги прогласот засолништата за основна услуга.

Некои земји, меѓу првите Германија, предупредија дека ограничувањата на движењето во борбата против ширењето на коронавирусот се закануваат со зголемување на семејното наслиство.

Француските власти објавија минатиот понеделник дека ќе го плаќаат хотелското сместување за жртвите на семејното насилство и ќе отвори привремени центри за советување, откако е забележан голем пораст на насилството во првата седмицата од прогласувањето на карантинот поради епидемијата на коронавирусот во земјата. Франција карантинот го прогласи на 17-ти март и оваа мерка ќе остане на сила до 15-ти април.

Министерката за родова еднаквост, Марлен Шиапа, најави дека ќе бидат отворени дваесеттина центри во продавниците, за да можат жените да навратат и да се советуваат додека купуваат намирници. Владата, исто така, најави милион евра за здруженијата коишто им помагаат на жртвите. Министерката, којашто претходно предупреди дека карантинот е „плодна почва за насилството“, најави дека државата ќе плати 20.000 ноќевања во хотел, за жртвите да може да се засолната од насилните партнери.

Податоците од пред две седмици говорат дека на полицијата ѝ се пријавени 36 отсто повеќе случаи на семејно насилство во главниот град Париз и 32 отсто повеќе во другите делови од земајта, откако во Франција се воведени строгите ограничувања за движењето на граѓаните. Пријавени се и две убиства во споменатиот период.

Активистите предупредуваат дека карантинот ќе предизвика натамошен раст на семејното насилство, и дека ќе им отежнува на жртвите да побараат помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.