Челси од пенал го совлада Евертон (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски првак Челси победнички ја отвори новата сезона во последниот денешен меч и тоа со триумф со гол од пенал на незгодниот „Гудисон парк“ кај Евертон, во повеќе од стоминутната пресметка на „сините“ со „карамелите“ во ова воведно премиерлигашко коло.

Италијанскиот репрезентативец Жоргињо го постигна голот за победа од пенал во деветата минута од судиското надополнување во првиот дел, по што „сините“ знаеа како да ја сочуваат предноста, во тврдиот меч во вториот дел во кој се играше најмногу меѓу два шеснаесетника, а лондончани пропуштија шанси пред крајот преку Рахим Стерлинг порано да го заверат триумфот и да не треперат до последна секунда, а се играа уште десет минути дополнително време во вториот дел.

После Арсенал и Тотнем и третиот лондонски гигант од големата шестка денеска ја отвори сезоната со победа, а само вицепрвакот Ливерпул се сопна на самиот старт од сезоната после ремито 2-2 кај Фулам.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1555968781171806208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1555968781171806208%7Ctwgr%5Ef243188df1d781bd3ac0b92340b92cbe68b44c7b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fchelsi-od-penal-do-startna-pobeda-vo-premier-na-stominutnata-bitka-na-gudison-video