Челзи демолиран дома од фенерџијата ВБА, прв пораз на Тухел

Во првиот натпревар од 30-то коло на англиското фудбалското првенство претпоследниот тим на табелата Вест Бромвич Албион сензационално со 5:2 го совлада на гостувањето Челзи, кој го одживеа првиот пораз откако го презема тренерот Томас Тухал.

Челзи поведе со голот на Кристијан Пулишиќ во 27 монута кој најдобро реагираше на одбиена топка по слободниот удар на Маркос Алонсо, но само две минути подоцна се случи можеби и клучниот момент на натпреварот. Искусниот Тиаго Силва невнимателно со две нозе стартуваше на Јокуслу и тоа откако играчот на гостите упати сосема неопасен удар кон домашниот гол, а главнито арбитар Кут оправдано му покажа втор жолт картон, односно исклучување за стоперот на Челзи.

Резултатскиот пресврт се одигра во судиското продолжение на првото полувреме кога Матеус Переира во втората и во четвртата минута од продолжението му доведоа водство на ВБА. Во продолжението гостите со головите на Калум Робинсон во 63 и Мбаје Диање во 69 минута зголемија на 4:1, Челзи преку Мејсон Моунт во 71 минута намали, но Робинсон со својот втор погодок во првата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат 5:2.

Откако Томас Тухел го замени Франк Лампард на клупата на Челзи, тимот од „Стенфорд Бриџ“ во 14 натпревари до овој примија само два погодока, за во саботата тимот од дното на лигата да им ја наполни мрежата со пет погодоци.

Ова воедно е и првиот пораз под водството на Германецот Томас Тухел кој го презема клубот на 26-ти јануари, а последниот пораз на Челзи на 19-ти откако нанижа 15 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Последниот пораз кој го доживеа Челзи со поголем број примени погодоци беше во 8-ми август минатата 2020 година, кога во осминафиналето од Лигата на шампионите ги совлада со 0:4 минхенски Баерн. Челзи последен пат прими пет погодоци на еден меч, исто така, ланскиот 22-ри јули од Ливерпул кога загуби 3:5.

Челзи во моментов е четврти со 51 бод, пет помалку од третопласираниот Лестер Сити, а два повеќе од петтиот Вест Хем Јунајтед. ВБА и натаму е претпоследен 19-ти со 21 бод, пет помалку од 18-от Фулам, а седум помалку од 17-то Њукасл Јунајтед кој го држи последното место кое обезбедува опстанок во Премиер лига.