Челзи доби забрана за трансфери до јануари 2020-та

ФИФА го казни англискиот премиерлигаш Челзи со забрана за трансферио во следните два преодни рока, односно до крајот на јануари 2020 година, порди кршење на правилата за доведување играчи помлади од 18 години.

Челзи дури во 29 случаи ги прекршил правилата за трансфер играчи помлади од 18 години, па ќе мора и да плати казна од 600.000 швајцарски франци, и ќе мора да ги регулира ситуациите со малолетните играчи во следните 90 дена.

Со 510.000 швајцарски франци е казнета и Англиската фудбалска федерација којашто во рок од шест месеци мора да ги „разјасни своите правила поврзани со доведувањето играчи помлади од 18 години“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.