Челзи домаќин на Ливерпул, Њукасл на Арсенал

Денеска ќе се одиграат преостанатите четри натпревари од новото, 18. коло во англиската Премиер лига, а вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено на дуелот помеѓу директните ривали за шампионската титула, Челзи и Ливерпул.

Челзи ја има улогата на благ фаворит најмногу поради предноста на домашниот терен, додека сите надежи на гостинските фанови се насочени кон уругвајскиот интернационалец Луис Суарез.

Голема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува и на натпреварот помеѓу екипитена Њукасл и Арсенал, каде пак, фаворитската улога му е доделена на гостинот.
Денеска на програмата: Евертон – Саутемптон, Њукасл – Арсенал, Челзи – Ливерпул, Тотенхем – Стоук.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.