Челзи ќе понуди 300 милиони евра за Нејмар

43

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар би можел следното лето да се пресели во Челзи, пренесува шпански „Ел Десмарк“. Лондончаните имаат намера да дадат дарежлива понуда и на клубот и на играчот.

По истекот на забраната за трансфер, Челзи ќе плати 300 милиони евра на ПСЖ, додека на играчот ќе му биде понуден договор со плата од 42 милиони, што ќе го направи најплатен фудбалер на светот.

Во изминатиот трансфер прозорец, Бразилецот можеше да го напушти ПСЖ. Барселона и Реал беа активно заинтересирани за него, но на крајот тој остана во Париз.

На три натпревари оваа сезона, Нејмар има постигнато два гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.