Челзи го елиминираше Ливерпул од ФА Купот

Фудбалерите на Челзи и Њукасл се пласираа во вторникот во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, елиминирајќи ги Ливерпул односно Вест Бромвич Албион.

Во осминафиналето Челзи на свој терен го победи Ливерпул со 2:0, со головите на Вилијан во 31 и Рос Баркли во 64 минута.

Ова е втор пораз на Ливерпул за три дена, иако тренерот Јирген Клоп не експериментираше премногу со составот на екипата,. Во саботата Вотфорд направи сензација и на „Редси“ им го нанесе првиот првенствен пораз сезонава, или по 44 натпревари.

Водечката екипа во Втората лига, Вест Бромвич Албион, на домашен терен беше поразена од Њукасл со 2:3. За гостите двоен стрелец беше Мигуел Алмирон, во 33 и првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а еден гол постигна Валентино Лазаро во 47 минута, За ВБА стрелци беа Мет Филипс во 74 и Кенет Зохоре во третата минута од судиското продолжение.

Во понеделникот Арсенал како гостин со 2:0 го победи Портсмут.

Во среда играат Лестер – Бирмингем Сити, Шефилд Вендсдеј – Манчестер Сити и Тотенхем – Норич, додека Дерби Каунти и Манчестер Јунајтед ќе се соочат во четврток,