Челзи го освои англискиот ФА куп

Фудбалерите на Челзи го освоија во саботата англискиот ФА Куп откако во финалето на лондонски „Вембли“ со 1:0 го совладаа Манчестер Јунајтед.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Еден Азар од пенал во 22 минута, откако белгискиот напаѓач во противничкиот казнен простор беше соборен од Џонс. Во финалето сиромашно со шанси пред головите, Челзи имаше повеќе среќа и така сепак со трофеј ја заврши сезоната, додека менаџерот на манчестерските „црвени ѓаволи“ Жозе Мурињо уште еднаш излезе губитник.

Ова е осма титула во најстарото фудбалско натпреварување во светот за Челзи и прва по 2012 година. Челзи славеше и во последното финале на двата денешни противници во 2007 година, исто така, со 1:0. Манчестер Јунајтед, пак, има 12 ФА титули.