Челзи и Атлетико Мадрид со идентични шанси за успех

Поранешниот репрезентативец на Португалија, а сега технички претставник на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Пауло Фереира веднаш по ждрепката за полуфиналната рунда во Лигата на шампиони изјави дека и лондонските “сини” и шпанскиот претставник, Атлетико Мадрид имаат идентични шанси кога е во прашање пласманот во финалниот натпрева кој ќе одигра на 24 мај во Лисабон.

“Ќе биде многу тешко и во Мадрид и во Лондон. Мислам дека шансите за пласман во финалниот натпревар се 50-50. Нема да има фаворит во овие два натпревара, двата тима имаат идентични шанси за успех. Морам да го пофалам одличниот тим на Атлетико Мадрид кој одигра фантастично против Барселона. Заслужено го елиминираа големиот ривал од Примера дивизион. И Челзи сака да биде дел од финалниот натпревар во Лисабон и затоа сите фудбалери ќе го дадат максимумот на двата натпревара”, изјави Фереира.