Челзи и ПСЖ во „војна“ против Јунајтед за бившата ѕвезда на Ливерпул

281

Челзи и ПСЖ се подготвени да се натпреваруваат против Манчестер Јунајтед за потписот на поранешната ѕвезда на Ливерпул Филипе Кутињо. Бразилецот е во Барселона веќе една година, по трансферот од Ливерпул минатиот јануари, вреден 142 милиони евра. Тој не успеа да ги оправда високите очекувања и не ја стекна довербата на Ернесто Валверде.

Манчестер Јунајтед е фаворит за потписот на Кутињо со понуда од 100 милиони евра, пишуваат медиумите во Англија и Шпанија. Според „Мундо Депортиво”, бразилскиот фудбалер одлучил да остане во Барселона, иако е незадоволен од моменталната ситуација, но за него сепак била „искушение” можноста за трансфер на „Олд Трафорд”.

„Дон Балон” пак пишува дека во Пари Сен Жермен си поставиле цел да ги привлечат во своите редови Кутињо или Иско од Реал Мадрид.

Официјални лица од Челзи, исто така, се состанаа со лидерите на Каталонците за да разговараат за ситуацијата околу бразилската ѕвезда. Претседателот на Барса, Жозеп Бартомеу е подготвен да разговара за евентуална зделка, во која може да биде вклучен и Еден Азар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.