Челзи и Вест Хем го минаа Ливерпул

Фудбалерите на Челзи и на Вест Хем остварија победи во последните натпревари од 24-то коло на англиското провенство, победувајќи ги Њукасл Јунајтед со 2:0, односно Шефилд Јунајтед со 3:0.

Челзи без многу напори рутински стаса до петтата последователна победа, а головите ги постигнаа Оливие Жиру во 31 и Тимо Вернер во 39 минута.

Откако на „Стенфорд Бриџ“ дојде Томас Тухел, Челзи впиша пет победи и едно реи, примајќи само еден гол. За Тухел е важно и тоа што Вернер конечно се впиша меѓу стрелците, постигнувајќи го својот прв лигашки погодок по постот кој траеше 1.000 минути.

Во вториот дуел, Вест Хем со триумфот од 3:0 над Шефилд Јунајтед ја оствари шестата победа во последните осум кула. Головите за „Чеканите“ ги постигна Деклејн Рајс во 41 минута од пенал, Иса Диоп во 58 и Рајан Фредерик во шестата минута од судиското продолжение.

Со овие победи Челзи и Вест Хем го потиснаа сѐ уште актуелниот шампион Ливерпул на шестото место на табелата.

Челзи сега е четврти со 42 бодови, колку што има и Вест Хем на петтото место, а Ливерпул ги следи со два бода помалку.

На врвот е Манчестер Сити со 53 бодови од 23 кола, седум бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Јунајтед и третиот Лестер Сити.

Њукасл Јунјатед остана 17-ти со 25 бодови, седум бодови повеќе од зоната на испаѓање каде најблизок му е Фулам со 18 бодови. Шефилд Јунајтед и натаму е последен 20-ти со само 11 бодови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.