Челзи извлече бод во Нотингем, Астон Вила го доби Тотенхем сред Лондон

Во последниот дуел од 18-то коло на англиската Премиер лига, Нотингем и Челзи одиграа без победник 1:1.

Гостите од Лондон поведоа во 16 минута преку Рахим Стерлинг, кој погоди од близина откако пречката ја погоди домашниот играч Вили Боли. Израмнувањето на домашните им го донесе Серж Орие во 63 минута, кога добро се снајде во мешаницата пред противничкиот гол по изведениот корнер. Форест беше многу подобар тим, и неговите играчи создадоа најмалку шест стопроцентни шанси за гол.

По четвртиот пораз годинава Челзи е на осмото место на табелата со 25 бодови од 16 кола, додека Нотингем Форест сега со 14 бодови остана на 18-то место во групата екипи што ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.

Во првиот неделен натпревар Астон Вила на гостувањето во Лондон со 2:0 го совлада Тотенхем. Астон Вила поведе во 50 минута со голот на Аргентинецот Емил Буендија, а на погодокот му претходеше грешката на голманот на Тотенхем и на француската репрезентација Иго Љорус, по ударот на Даглас Луиз. Победата на гостите ја осигура Бразилецот Луиз во 73 минута.

Астон Вила по шестата првенствена победа од 17-те натпревари е 12-ти со 21 бод, додека Тотенхем е без победа во последните два првенствени натпревари и по петтиот пораз сезонава моментално е петтопласиран со 30 бодови, исто така, од 17 одиграни кола.

Во водство на табелата е Арсенал со 43 бодови од 16 одиграни кола, а го следи Манчестер Сити со седум бодови, исто така, од 16 дуели. Њукасл од 17 натпревари е на третото место со 34 бодови, а Манчестер Јунајтед на четвртото има два бодат помалку со натпревар помалку.