Челзи ќе му го позајми Мората на Атлетико Мадрид

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Челзи, 26-годишниот Алваро Мората заминува на позајмица во Атлетико Мадрид до крајот на оваа сезона, со тоа што шпанскиот клуб има можноста да го откупи неговиот договор, објавија во вторникот британските медиуми.

Менаџерот на лондонскиот клуб Маурицио Сари често го оставаше Алваро Мората на клупата за резервни играчи, а најавеното доаѓање на Аргентинецот Гонзало Игуаин од Милан допполнително го влошува неговиот статус во Челзи, па заминувањто во Атлетико Мадрид се наметнува како логишен избор.

Мората би требало да дебитира во дресот на Атлетиков веќе во сабота, на првенствениот натпревар против Хетафе.

Челзи го доведе Мората летото 2017 година од Реал Мадрид, плаќајќи му на „Кралскиот клуб“ 66 милиони евра отштета. Меѓутоа, шпанскиот напаѓач не ги исполни очекувањата, во првата сезона впиша 11 голови во Премиер лига, а оваа сезина постигна само пет погодоци.