Челзи мора да одвои 25 милиони фунти за Соу

71

Сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович, најпосле доби информација колку ќе мора да одвои од планираниот буџет, доколку сака во пролетниот дел од актуелната сезона, контроверзниот менаџер, Жозе Мурињо, на располагање да ги има и услугите на стандардниот првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Соу.

Раководните лица на Саутемптон потврдија дека се подготвени, многу порано од предвиденото да се ослободат од услугите на левиот бек на младинската репрезентација на Англија, но под еден услов, заинтересираниот клуб да испрати официјална понуда не помала од 25 мил. фунти. Челзи нема да биде единствениот клуб кој ќе испрати официјална понуда за Соу, кој веќе подолг временски период важи за желба и на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.