Челзи му нуди нов договор на Тибо Коуртуа

Не само што планира да го врати на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок, контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо сака репрезентативецот на Белгија, Тибо Коуртуа да потпише нов 5-годишен договор.

Младиот голман и оваа сезона настапува како позајмен во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), а пред неколку недели изјави дека може да се врати во Лондон но по еден услов, да има статус на стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Чезли.

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо сака прво Коуртуа да потпише нов 5-годишен договор, а потоа и во следната клупска сезона да настапува како позајмен голман во дресот на Атлетико (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.