Челзи на Динамо Киев во осминафиналето во Лига Европа

Англискиот премиерлигаш Челзи ќе се сретне со киевски Динамо во еден од најактрактивнтие дуели на поранешните европски шампиони во осминафиналето од годинашното издание на Лига Европа, или Европската лига.

Пред ждрепката во петокот во седиштетот на европската фудбалска асоцијација во француски Нион немаше носители, а меѓу себе можеа да играат клубови од иста земја, како и екипите кои играа во истата група.

Единствен исклучок беше киевски Динамо кој не можеше да биде извлечен против руските клубови Зенит и Краснодар.

Првите натпревари на распоредот се на 7-ми март, а реваншите се седум дена подоцна. Четвртфиналните мечеви се на 11-ти и 18-ти април, полуфиналните дуели на 2п-ри и 9-ти мај, а финалето ќе се одигра на 29-ти мај на „Олимпискиот стадион“ во Баку.

Покрај дуелот Челзи – Динамо Киев, убави претстави се очекуваат и на дуелите Ајнтрахт Франкфурт – Интер, Наполи – РБ Салцбург, Севилја – Славија Прага, Зенит – Вилјареал, Арсенал – Рен, Валенсија – Краснодар и Динамо Загреб – Бенфика.