Челзи поразен во продолжението кај Вулверхемптон, Сити само со бод против ВБА

Во првите два натпревара од 13-то коло на англиското фудбалско првенство, фаворитите Челзи и Манчестер Сити не ги постигнаа посакуваните резултати во обидите да направат пробив кон повисоките места на табелата.

Члези го искористи поголемиот посед на топката, единствениот параметар во кој имаше опиплива предност, го ефектуираше во 49 минута кога во водство го донесе Оливер Жиру. Но ангажирањето на домашните играчи резултираше со израмнување во 66 минута преку Даниел Поденсе, а победата им ја донесе во петтата минута од судиското продолжение погодокот на Педро Нето.

Интересно е што ове два беа продолжување од низата од 82 погодока за тимот на Вулверхемптон во елитното англиско натпреварување кои ги постигнале странци.

За Вулверхемптон ова беше втора победа во низа, и сега со 10-ти на табелата со 10 бодови, а Челзи остана моментално на петтата позиција со 22 бодови, два повеќе ов Вест Хем, Евертон и Манчестер Јунајтед кои имаат меч помалку.

Вест Бромвич Алнион на гостувањето кај Манчестер Сити одигра 1:1, освојувајќи го првиот бод по 14-те последователни порази од „Граѓаните“. Јунак на средбата беше гостинскиот голман Сем Џонстон кој се истакна со неколку одлучни одбрани, а во судиското продолжение ги одбрани „зицерите“ на Илкај Гундоган и на Рахим Стерлинг.

Сити поведе со голот на Гундоган во 30 минута, а гостите израмниј асо автоголот на Рубен Дијаз во 43 минута, кога ја скршна топката по шутот на Семи Аџаји и го измами Едерсон. Ова беше првиот погодок кој Манчестер Сити ги прими по 10 часа и 8 минути игра во сите натпреварувања.

Манчестер Сити моментално е шести со 20 бодови, а Вест Бромвич е место пподолу со ист број бодови, но послаба гол разлика.

Во среда од ова коло се играат дуелите: Арсенал – Саутемптон, Лидс Јунајтед – Њукасл Јунајтед, Лестер Сити – Евертон, Фулам – Брајтон, Вест Хем ЈНунајтед – Кристал Палас и дербито на колото Ливерпул – Тотенхем.

Во четврток ќе играат Астон Вила и Барнли, односно Шефилд Јунајтед – Манечестер Јунајтед.