Челзи преку Арсенал до шестиот европски трофеј

Екипата на Челзи ја освои Лигата на Европа откако во средата вечерта  го совлада Арсенал со 4:1.

За разлика од Челзи кој играше за трофеојот, Арсенал имаше уште еден голем влог, односно настап во Лигата на шампионите, што неуспеја да го остварат нис домашното првенство, и трета година со ред остануваат без најквалитетното континентално првенство.

Челзи до трофејот дојде без пораз во текот на целото натпреварување, со 12 победи и три ремија, а интересно што ова беше рекорден 18-ти натпревар во низа без пораз.

По првото полувреме кое заврши без голови, Челзи во вториот дел преку поранешниот играч на Арсенал, Оливие Жиру успеа да стигне до водство.

По водечкиот погодок на Жиру, на сцена стапи шпанскиот интернационалец Педро кој во 60 минута го совлада Петр Чех на асистенција на Еден Азар. Пет минути подоцна, Азар беше реализатор на удар на белата точка

По брзото водство на Челси од 3:0, во 69 минута Ајвоби намали на 3:1, а само три минути подоцна Еден Азар со својот втор гол ги постави конечните 4:1.

Ова е шести европски трофеј за Челзи, во вкупно девет финални дуели, а вторпат во Лига Европа.

Челзи еднаш ја освои Лигата на шампионите (2012), двапати на Европска лига (2013, 2019), два Купот на победниците на куповите (1971, 1998) и еден Европски суперкуп (1998). Уште трипати „Сините“ беа поразени во финалето.

Клубот од „Стенфорд Бриџ“, исто така, може да се пофали дека е еден од само четирите клубови кои го освоија „европскиот тројка”, сите три европски купови. За Челзи дуелот во Баку беше првото европски финале откако во 2013 година ја победија Бенфика во Лига Европа. Челзи тогаш се впиша во историјата како само четвртиот клуб кој ги освоил сите три еропски купови. Една година претходно „Сините“ станаа европски шампиони, а во два наврата во 1971 и 1998 година го освоија и Купот на победниците на Куповите (КПК).. Дотогаш тоа им успеало на Јувентус, Ајакс и Баерн.