Челзи се спаси по заостанувањето од три гола, Евертон до третата победа во низа

Фудбалерите на Вест Бромвич Албион беа на прагот на приредат големо изненадување во саботата во рамките на третото коло на англиското првенство, откако против Челзи на полувремето водеа со 3:0, но во последните минути од мечот гостете израмнија на 3:3.

ВБА поведе уште во 4 минута со голот на Калум Робинсон. Во 25 минута големата грашка на искусниот бразилски штопер Тиаго Силва, кој треба да донесе стабилноста во одбрана на Челзи, ја искористи Робинсон за својот втор погодок на мечот, а во 27 минута по изведениот корнер домашниот штопер Кајл Бартли погоди за 3:0.

Притисокот на играчите на Челзи кој траеше од самиот почеток на мечот, во второто полувреме удополнително се зголеми. Таквата ира на гостите резултираше со погодокот на Мејсон Моунт во 55, а во 70 минута Калум Хадсон-Одои веќе ја намали предноста на ВБА на само еден погодок, којк во третата минута од судиското продолжение на натпреварот го постигна Тами Абрахам.

Фудбалерите на Евртон, под водство на искусниот италијански стратег Карло Анчелоти, ја впишаа и третата првенствена победа, откако со 2:1 на гости го совладаа Кристал Палас. Стрелци беа Домоник Калверт-Луин во 10, во 26 минута израмни Чејкху Кујате, а Евертон славеше со прецизно изведениот пенал на Ричарлисон во 40 минута.

Во последниот дуел од саботната програма, Барнли со 0:1 беше поразен на свој терен од Саутемптон, а стрелец на единствениот погодок на мечот беше Дени Ингс уште во 5 минута. За Саутемптон ова беа првите бодови по трите стартни кола, додека Барнли во двата одиграни меча забележи два пораза.

Во првиот саботен натпревар фудбалерите на Манчестер Јунајтед дојдоа до победа од 3:2 (1:1) на гостувањето кај Брајтон во лудата завршница. Конечниот исход на мечот е резултат на една несекојдневна ситуација. Имено, арбитрот Крис Каванах означи крај на дуелот при резултат 2:2, но потоа по предупредување од ВАР-собата ја прегледа снимката од последната акција на Манчестер Јунајтед и досуди најстрога казна, бидејќи топката го погодила во раката домашниот напаѓач Нил Мопе, откако со глава шутирше Хари Мегваер. Бруно Фернандеш беше сигурен рализатор од белата точка за победа на „Црвените ѓаволи“ во натпреварот кој изобилуваше со пресврти.

Инаку токму Мопе го отвори резултатот од пенал во 40 минута. Меѓутоа, само три минути подоцна Јунајтед дојде во израмнување со несреќниот автогол на Луис Данк. Во 55 минута Маркус Рашфорд со неколку финти ја измами половина од домашната одбрана и погоди за водство на Јунајтед, кое гостите го држеа до последната минута од судиското продолжение на мечот кога Соломон Марч израмни на 2:2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.