Челзи трет, Манчестер Јунајтед без Лига на шампионите

Фудбалерите на Челзи во натпреварот на својот „Стенфорд Бриџ“ во рамките на 37-то коло од англиското првенство со 3:0 (0:0) го победија Вотфорд, качувајќи се на третото место на табелата.

Челзи отпорот на Вотфорд го скрши на почетокот од второт полувреме кога Лофтус-Чик во 48 и Давид Луиз во 51 минута на сасистенции на Еден Азар постигнаа два брзи гола, а конечните 3:0 ги постави Гознало Игуаин во 75 минута.

На едно коло пред крајот на сезоната, Челзи е трет со 71 бод, еден повеќе од четвртопласираниот Тотенхем, а четири повеќе од петтиот Арсенал .Вотфорд остана 10-ти со 50 бодови.

Арсенал киксираше и е без шанси да го мине Челзи откако на својот „Емирејтс“ одигра 1:1 сто Брајтон енд Хоув Албион. Арсенал поведе уште во 9 минута од пеналот кој го реализираше Обамејанг, а за гостите исто така од пенап ирамни во 61 минута Мареј. Брајтон со овој бод го реши прашањето за опстанок, зашто сега е на 17-то место со пет бодови пред 18-от Кардиф кој оди во втората лига.

Манчестер Јунајтед испадна од сите комбинации за пласман во Лигата на шампионите откако одигра само 1:1 на гостувањето кај убедливо последниот Хадерсфилд. И Јунајтед поведе уште во 8 минута преку Мектоминеј, но во 60 минута израмни Мбенза по грубата грешка на Шоу.

Ова беше четвртиот последователен меч во кој Манчестер Јунајтед без победа, па „Црвените ѓаволи“ останаа на шестата позиција со 66 бодови, додека Хадерсфилд, кој одаман ги загуби шансите за опссатнок е последен со само 15 бодови, 11 помалку од претпоследниот Фулам.

На чело на Премиер лигата е Ливепрул со 94 бодови, два помалку со меч понмалку има второпласираниот Манчестер Сити кој во понеделник го пречекува Лестер Сити.