Фенерџијата во англиската Премиер лига, тимот на Сандерленд, се покажа како непремостлива пречка за лоноднскиот гигант Челзи, кој мораше порано од предвиденото да се збогува со настапот во англискиот Лига Куп.
И покрај позитивата, која ја имаа во поголемиот дел од натпреварот, избраниците на Жозе Мурињо му дозволија на противникот да постигне израмнувачки погодок во финишот од регуларните 90 минути, а потоа во второто продолежие од по 15 минути, или поточно во 118 минута, Кореецот Ки постигна уште еден погодок и му помогна на Сандерленд да обезбеди пласман во толку посакуваната полуфинална рунда.
“Ќе мора да го менуваме нашиот пристап на игра. Челзи важи за офанзивен тим, но кога нема да ги искористиме укажаните шанси, кога нема да постигнеме уште еден погодок, подобро ќе биде да одиграме малку дефанзивно”, изјави по натпреварот нервозниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо.
Пласман во полуфиналната рунда обезбедија фудбалерите на Манчестер Сити кои не дозволија никакво изненадување и сосема заслужено со 3:1 го победија и елиминираа второлигашот Лестер.