Челзи во финалето на Лига купот

40

Фудбалерите на Челзи изборија пласман во финалето на Лига купот, откако и во реваншот  од полуфиналото во средата вечерта го совладаа Тотенхем со 1:0.

Во првиот натпревар на 5-ти јануари Челзи славеше со 2:0, а во возвратниот меч му беше доволен еден погодок. А стрелец на голот беше Антонио Рудигер во 18 минута по нафрлувањето од корнер.

Во 56 минута судијата Андре Маринер досуди пенал за Тотенхем, по старот на голманот Кепа Аризабалага, меѓутоа по прегледувавањето на снимката ја промени одлуката. Тотенхем немаше среќа со ВАР-от и во 64 минута, кога Хари Кејн израмни, но погодокот беше поништен под видеонтервенцијата поради офсајд.

Челзи го избори деветтото финале во Лига купот, а екипата од „Стенфорд Бирџ“ досега пет пати славеше во ова натпреварување, последен пат во 2015 година.

Челзи во финалето ќе игра со победникот од двомечот меѓу Ливерпул и Арсенал. Првиот полуфинален меч е на распоред на 13-ти јануари на „Енфилд“, во терминот кој беше инаку предвиден за првиот меч во Лондон, а по одложувањето на дуелот реваншот сега ќе се одигра на 20-ти јануари на „Емирејтс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.