Челзи забележа загуба од 49 милиони фунти

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Чезли, потврдија дека клубот во изминатата година има забележано загуба од 49 милиони фунти.

Најголемата, а можеби и единствена причина за загубата е прераната елиминација на Челзи веќе во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Лондонските “сини” беа првиот клуб кој нема обезбедено пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, а во претгодната сезона го има освоено победничкиот пехар. Со елиминацијата, Челзи, загуби сигурна заработувачка од најмалку 30 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.